fbpx

Шест бомбардери Б-52 на САД ќе прелетаат над Македонија

-

Во текот на денешниот ден САД ќе ја покаже својата посветеност на НАТО, чија основачка членка е, со прелет на шест бомбардери Б-52, придружувани од други воени авиони, над сите 30 членки на НАТО, меѓу кои и земјава.

Тоа го соопшти Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, преку својот Твитер-профил.

„Денеска САД ќе ја покаже својата силна посветеност на НАТО со шест бомбардери Б-52, кои ќе ги прелетаат сите 30 земји-членки. Тие ќе бидат придружувани од десетици летала од Алијансата. Работејќи заедно, се посветуваме на нашата основна мисија: Одвраќање на агресија, спречување конфликт и зачувување на мирот“, напиша Столтенберг.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...