fbpx

Шест адвокати се иницијатори на измената на Законот за кривична постапка што го поддржа ВМРО-ДПМНЕ

-

Група од шест адвокати се иницијатори на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за кривична постапка кој денеска беше ставен на дневен ред во Собранието, а владејачката партија само им излегла во пресрет и го поднела законот, вели Оливер Вуксановиќ еден од адвокатите кои се иницијатори на овие измени.

Тој вели дека идејата за измените во законот е за да се направи рамноправност меѓу обвинителството и одбраната.

– Во претходното законско решение, одбраната имаше само 15 дена да ги приложи податоците и доказите кои одат во корист на одбраната, а со новиот предлог предвидени се 90 дена. Што значи дека со овој предлог ќе се воведе некаква рамноправност меѓу одбраната и обвинителството, односно еднаквост на оружјето – вели Вуксановиќ.

На измените на овој закон денеска реагираа и од СДСМ, од каде што кажаа дека овој закон е обид да се одложи постапувањето на Специјалното јавно обвинителство. Пратеничката Рената Тренеска – Дескоска рече дека со измените на законот практично се одложуваат постапките.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...