fbpx

Шекеринска: Рокот за декември беше симболичен, процесот на членство во НАТО – прашање на време

-

Mинистерката за одбрана, Радмила Шекеринска за „Порталб.мк“ изјави дека  ратификувањето на Протоколот за членство во НАТО од страна на Шпанија и другите земји-членки кои не го ратификувале е „технички, неповратен процес и е прашање на време“.

„Ние ќе присуствуваме на Самитот на НАТО во декември и ќе бидеме на иста маса со земјите-членки. Симболично, би било добро ако овој процес заврши пред Самитот на НАТО, кога НАТО ќе ја слави 70-годишнината, за да се заокружи полноправното членство на 30-от член Северна Македонија“, изјави Шекеринска.

Шекеринска не очекува проблем со ратификацијата на протоколот од страна на останате држави.

„Полноправното членство ќе биде заокружено кога ќе заврши ратификацијата на Протоколот во сите земји-членки, и конечно кога ќе биде ратификуван во нашиот парламент. Прашањето за полноправно членство е техничко, така што во ниту една земја не се очекува проблем со ратификација. Единствено прашање е кога ќе се случи“, рече Шекеринска.

Шансите за влез на државата во НАТО на почетокот на декември згаснаа по неуспехот при неодамнешниот обид за формирање влада од страна на в.д. шпански премиер Педро Санчез. Овој неуспех го оневозможува шпанскиот Парламент да го ратификува Протоколот за членство во НАТО.

Во Холандија и САД процедурата е во тек, додека за Исланд се вели дека постапката „воопшто не е започната“. Инаку, бројот на држави што го ратификуваа протоколот на РСМ за НАТО е 22. Останаа уште седум држави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...