fbpx

Шекеринска: Промените во МВР покажуваат дека владее хаос во ВМРО-ДПМНЕ

-

„Промените во МВР во изминатите денови покажуваат каков хаос и паника владее во ВМРО-ДПМНЕ. Владее страв и владее недоверба кон сопствените кадри“, рече заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, при нејзината посета во општина Ѓорче Петров.

– Замислете да доведете во ситуација Собранието да избира министер за внатрешни работи, кој ќе трае еден ден, да го доведете во таква ситуација тој т.н. министер  за внатрешни работи да биде личност за еднодневна употреба. Вчерашните изјави на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието покажаа дека тие изгубиле верба дека партиските војници во МВР ќе им ги слушаат нивните наредби. Залудни се обидите во последен момент, 24 часа, со ситни рокади, со ситни подметнувања да се обидуваат да го спречат неизбежното – вели Шекеринска.

Таа додаде дека партијата ги предложила истите министри и дополнителни заменици-министри затоа што и оваа преодна влада ќе ја има истата цел како и претходната, а тоа е организирање фер и демократски избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...