fbpx

Шекеринска од Брисел: Членството во НАТО станува реалност за Македонија

-

На министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во седиштето на Алијансата и биле презентирани просториите каде што ќе биде сместена мисијата на нашата држава, како полноправна членка, информираат од Министерството за одбрана.

– Денеска имав прилика да бидам првиот претставник на нашата Влада кој што влезе во просториите кои НАТО – Алијансата ги подготви за својата 30. членка. Тоа покажува дека сите наши подготовки течат според планот и тоа покажува дека сме добредојдени во најмоќниот воено – политички сојуз – рече министерката во изјава по посетата.

Министерката додаде дека на средбите со министрите за одбрана на сите земји – членки на Алијансата во текот на дводневните состаноци можело да се слушне истата порака – очекувањето Северна Македонија што поскоро да стане полноправен член на НАТО.

На сесијата на Северноатлантскиот совет, министерката Шекеринска порача дека планот за одвојување на два проценти од бруто – домашниот производ за одбраната до 2024 година се реализира и дека во 2020 година следува уште едно зголемување на одбранбениот буџет.

– Македонија е сериозен партнер кој што го испорачува тоа што ќе го најави и тоа што ќе го вети. Две години по ред го зголемувавме издвојувањето за одбраната и следната година, исто така, обезбедивме повисок буџет за нашата одбрана и за нашата Армија – посочи министерката.

На сесијата посветена на мисијата „Одлучна поддршка“, Шекеринска порача дека земјата останува посветена на демократизацијата, безбедноста и мирот во Авганистан и дека припадниците на Армијата ќе продолжат да придонесуваат во оваа мисија, во која нашата земја учествува од самиот почеток на првата НАТО – мисија, ИСАФ, во 2002 година.

На маргините на Северноатлантскиот совет, пак, продолжија билатералните средби со министрите од земјите – членки на Алијансата. Денеска, министерката се сретна и со италијанскиот министер за одбрана, Лоренцо Гуерини, како и со министерот за одбрана на Австрија, Томас Старлингер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...