fbpx

Шекеринска: Ќе покренеме барање за намалување на бројот на пратеници

-

Да се воведе втора смена во институциите за граѓаните да можат да добијат информација во кое било време во денот, а за добивање информација од институција да се чека 15 наместо 30 дена, седница на пратенички прашања во Собрание да се одржува еднаш неделно, наместо еднаш месечно, задолжителни дебати на МРТВ, а на овие дебати задолжително да се кани и опозицијата. Ова се некои од решенијата што СДСМ денеска на дебатата „Визија за Македонија“, која се одржа на Скопски саем, вети дека ќе ги спроведе ако победи на изборите што треба да се одржат во април следната година.

Заменик-претседателката на партијата, Радмила Шекеринска, рече дека не може Владата да работи отворено ако ги крие законските решенија.

– Половината од законите воопшто не биле објавени, а за 47 отсто од објавените немало време граѓаните да испраќаат забелешки. Оваа година Министерството за образование поднело 21 закон, а дури 18 биле ставени на консултација – рече Шекеринска.

Таа најави и промена во Законот за јавни набавки, со кои ќе се спречи местењето на тендерите.

Шекеринска рече дека тие во текот на целиот мандат нема да купуваат мебел, а заштедите што ќе ги направат ќе се користат за градење студентски домови и детски градинки. Во однос на администрацијата, која е преобемна и непродуктивна, ако дојде на власт, СДСМ ќе воведе флексибилно работно време, а институциите ќе работат и попладне. Според неа, во Македонија има голем број пратеници.

– Македонија е сиромашна земја која нема пари за граѓаните, но има за да плаќа плати на пратениците и на министрите. Ние ќе го намалиме бројот на министерства на 20, а во парламентот ќе покренеме иницијатива за намалување на бројот на пратеници – рече Шекеринска.

Тевдовски рече дека цел на „Визијата за Македонија“ е да ја победи нееднаквоста во различни форми, пред законите, судовите, вработувањето, распределбата на доходот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...