„Ме радува фактот што видов дека одговорот на сојузничките армии за справување со пандемијата со широк спектар на активности е речиси идентичен на начиниот на кој ја ангажиравме нашата Армија за поддршка на цивилните власти“, рече министерката за одбрана Рдмила Шекеринска информирајќи за состанокот на министрите за одбрана на НАТО, прв на кој таа учествуваше како министерка на сојузничка земја.
Сојузниците разговарале за тоа како земјите членки на НАТО се справуваат со пандемијата, на кој начин НАТО помага во таа операција и што може Алијансата да преземе за повеќе да им помогне на цивилните власти. Шекеринска потсети што досега прави Армијата, но и другите сојузнички војски, секоја во својата земја.
– Прво, помош во контрола на границите, поставување и чување на контролни точки на влез и излез во одредени градови или општини, и обезбедување на критичната инфраструктура и виталните објекти, поставување на полски болници како нашата што ја поставивме до Инфективната клиника и користење на воените медицински капацитети во поддршка на цивилните здравствени капацитети. Обезбедување на специјализирани тимови за билошка и хемиска одбрана за вршење на дезинфекција, обезбедување на инженериски градежни услуги како што нашите инженериски екипи го правеа во Универзитетската клиника и Инфективната клиника – посочи министерката, која најави дека од денеска војскат аќе биде поприсутна во општините кои побарале помош
Армијата ќе има зголемено присуство во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга, Охрид, Струмица, Куманово, Битола, Прилеп, Велес, Кавадарци и Росоман.
На состанокот на министрите за одбрана, Шекеринска рече им се заблагодарила на поддршката и на помошта што нашата земја ја добива во кризата со коронавирусот од САД, Турција, Норвешка, Холандија, Словенија, Унгарија, Велика Британија, Чешката Република и Бугарија.
Ова го нагласи и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој рече дека ваквите примери на соработка се и најдобар начин за справување со кампањата на дезинфомрации поврзани со пандемијата.