fbpx

Шефот на ОН ги осуди нападите врз цивили за време на неговата посета на Украина

-

Шефот на Обединетите Нации, Антонио Гутереш по првиот руски напад врз Кијив откако силите на Москва се повлекоа пред неколку недели ја опиша Украина како „епицентар на неподнослива болка и страдање“, пренесе Асошиејтед Прес.

Русија нападна цели низ цела Украина во четвртокот, вклучително и нападот врз Кијив каде погоди станбена висококатница и друга зграда и рани 10 лица, меѓу кои најмалку еден кој изгубил нога, според украинските служби за итни случаи.

Бомбардирањето се случи едвај еден час откако украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа прес-конференција со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, кој обиколи дел од уништениот Кијив и околината и ги осуди нападите врз цивилите.

Во меѓувреме, беа пријавени експлозии низ целата земја, во Полоне на запад, Чернихив во близина на границата со Белорусија и Фастив, голем железнички центар југозападно од главниот град. Градоначалникот на Одеса, во јужна Украина, изјави дека ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана.

Украинските власти, исто така, пријавија интензивен руски оган во Донбас – источниот индустриски дел на земјата, за кое Кремљ вели дека е негова главна цел – и во близина на Харкив, североисточниот град надвор од Донбас, кој се смета за клучен за офанзивата.

Во разурнатиот јужен пристанишен град Мариупол, украинските борци се сконцентрирани во фабриката за челик Азовстал како последен џеб на отпорот, каде концентрираното бомбардирање на руските сили уби и рани повеќе луѓе. Властите предупредија дека недостатокот на безбедна вода за пиење во градот може да доведе до појава на смртоносни болести како колера и дизентерија.

Во Запорожје, клучна попатна станица за десетици илјади Украинци кои бегаат од Мариупол, едно 11-годишно момче беше меѓу најмалку три лица ранети во ракетен напад, за кој властите рекоа дека бил првиот што погодил станбена зона во јужниот град од започна војната. Парчиња стакло ја пресекле ногата на момчето до коска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...