fbpx

„Шарената револуција“ протестираше во Штип, Струмица и во Тетово

-

Неколку десетици граѓани со блокада на главните сообраќајници во центарот на Штип го почнаа протестот на „Шарената револуција“.

Штипјани испратија порака дека сакаат Македонија да ја видат во ЕУ и дека на криминалците местото им е в затвор.

Првпат од почетокот на протестите, на штипските поддржувачи на „Шарената револуција“ им се придружи и „Белизе бенд“.

– Додека се местевме со инструментите, помина едно момче во автомобил и ни покажа прст. Не знам дали така се поздравувате во Штип, но уште полошо поминав во мојот роден Охрид. Таму ме колнеа – рече Ристиќ, пред да ја испее „Мајка на Никола думаше“.

На протестот на „Шарената револуција“ во Штип, вечерва присуствуваше и поранешната министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски.

– Кога го почнавме проектот „Вистината за Македонија“, падот на Груевски го меревме во месеци, но како одминува времето, падот на Груевски го мериме со денови. Затоа што за овие 60 дена на протести граѓаните му порачаа дека повеќе ништо не зависи од него – рече Ременски.

Блокади на сообраќајници имаше и во Струмица, а протест на „Шарената револуција“ вечерва се одржа и во Тетово.

Во Тетово беше блокирана улицата пред Основен суд и со паролата „Ќе има правда, ќе има мир“ се упатија кон народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, лоцирана во центарот на Тетово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...