„Шарена револуција“: Имате рок до 18 јуни или ќе ја земеме демократијата во свои раце

-

Во крваво црвена боја, демонстрантите вечерва го обоија плоштадот Македонија, каде пред точно пет години беше убиен Мартин Нешковски за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ. Активистите и граѓаните организирани од граѓанската иницијатива „Протестирам“ и од „Шарената револуција“, на власта ѝ дадоа рок до 18 јуни да ги исполни нивните две клучни барања.

– Првиот чекор од нашиот план беше повлекување на аболицијата, што денеска се случи откако Иванов ги повлече сите помилувања. Планот содржи уште два важни чекори кои мора да се направат: Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО на кое му се заканува ризик да биде прогласено за неуставно, а партизираниот суд да ги заштити криминалците и, второто барање, да запре прогонот на демонстрантите и да бидат повлечени сите пријави против лица кои протестираат – рече активистката Симона Спирковска.

Таа додаде дека доколку нивните барања не се исполнат до 18 јуни, „граѓаните ќе ја земат демократијата во свои раце и на свој начин“.

Активистите на „Шарената револуција“ ги повторија и претходните барања да се формира преодна влада што ќе ги организира изборите и ќе ги спроведе реформите од извештајот на Прибе, формирање на специјално одделение во судот кое ќе ги процесуира случаите на СЈО, оставка на владата на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ и оставка на Ѓорге Иванов од функцијата претседател.

Демонстрантите рекоа дека го менуваат форматот на протести со најава дека тие ќе бидат радикализирани, а в среда точно напладне ќе ги блокираат сите сообраќајници во Скопје, бидејќи „оваа власт 10 години го блокира нормалниот живот во Македонија“.

Протестот кој денеска беше масовен и на кој излегоа повеќе илјади граѓани, почна пред СЈО, од каде демонстрантите продолжија преку булеварот Климент Охридски до Владата. На крстосницата кај Соборен храм тие го пробија полицискиот кордон и тргнаа кон Владата, која повторно беше обоена во боите на „Шарената револуција“.

Стрип изложба во Скопје под името „Да ѝ дадеме шанса на инклузијата“

Стрип центарот на Македонија од Велес го завршува имплементирањето на циклус од пет изложби, како дел од грантот „Сè што кажуваме е да и дадеме шанса на инклузијата“. Овој...