fbpx

Сезонските вработувања во странство се „главоболка“ за домашниот бизнис (инфографик)

-

Хотелиерскиот и угостителскиот сектор, транспорт и другите услужни дејности, градежништвото – ова се дел од секторите кои нудат најголем број на слободни работни места.

Имајќи предвид дека официјалните статистики регистрираат зголемување на вработеноста, а намалување на неврабтеноста во текот на оваа економска година, познавачите коментираат дека на пазарот на труд се случува поврзување на понудата на работа сила со побарувачката, а во согласност со работните вештини, пишува неделната економска анализа на „Порталб.мк“.

Сепак поради летниот период и сезонското вработување надвор од земјава, годинава во одделни сектори се забележа значителен недостаток на работна сила.

„Состојбата со немање работници во угостителскиот бизнис ова лето беше многу изразена. Ќе примиме работник – почетник, ќе го обучуваме со недели, редовно плаќаме и на крај дава отказ и ни вели дека ќе оди да работи во странство“, коментира менаџер во еден угостителски објект во центарот на Скопје.

Тој oбјаснува дека келнер, готвач, шанкер, хигиеничарки, собари, годинава тешко се наоѓаат бидејќи ови занимања се многу барани во регионот, особено во Грција, Хрватска, Бугарија, Црна Гора.

Дека угостителскиот и услужниот сектор годинава „кубуреа“ со кадар покажуваат и податоците од Агенцијата за вработување. Така во секторот „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ се пријавени 481 работно место. Според борјот на работни места високо котираат трговијата, градежништвото, транспортот, преработувачката индустрија.

Занимања со најголем број на слободни работни места се продавач 502, хигиеничар на станбен и деловен објект 448, шивач 430, келнер 275, обезбедувач (заштита на лица и имот) 271, општ работник 244, програмер 204.

Додека дел од секторите и занимањата се соочуваат со недостаток на работна сила, Агенцијата за вработување на крајот од јули годинава регистрираше 189.506 невработени од нив активни баратели на работа се 101.658 луѓе.

Според степенот на образование, во јуни без работа биле 21 доктор на науки, 719 магистри и 9.567 лица со завршен факултет. Од вкупниот број официјално пријавени невработени лица 52.795 се без обрзование или само со основно образование.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...