fbpx

Северна Македонија стана членка на светска мрежа за сајбер-безбедност

-

Северна Македонија стана 103-та членка на Глобалниот форум за сајбер-експертиза (Global Forum on Cyber Expertise), една од најголемите светски мрежи за интернационална соработка и градење на капацитети за сајбер-безбедност. Ова се случи на иницијатива на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска. Во овој форум членуваат и соработуваат владите на најразвиените земји во светот на темата сајбер-безбедност, организации како ОБСЕ, Светска банка, Обединети нации, Европската Унија, Совет на Европа, Интерпол и многу други, како и стопански комори и приватни компании кои работат на оваа тема.

„Владата со сите министерства и институции кои се посветени на оваа област, во рамките на GFCE ќе работат на четири теми: Политики и стратегии, менаџмент на инциденти и заштита на инфраструктурата од сајбер-напади, сајбер-криминал, сајбер-култура и градење на капацитети“, информираат од Владата на РСМ.

Преку GFCE ќе се работи на зголемување на меѓународната соработка и координација на Владата и организациите кои даваат поддршка и работат на сајбер-темата во Северна Македонија, за што GFCE има изработено платформа за мониторинг и координација на проектите и активностите.

Во Владата велат дека ќе продолжат силно да работат и да се развиваат на оваа тема, за да ги достигнат ЕУ стандардите на сајбер-безбедно општество, штитејќи ги граѓаните и државните системи од кибер напади.

Битолчани на протест за смртта на Јана: „Немаме солзи да ви ги исплачиме гревовите“

Под мотото „Правда за Јана“, „Сите сме Јана“ на плоштадот „Магнолија“ во Битола се одржа протест за смртта на шестгодишното девојче кое минатата среда почина на детското одделение во...
Download Premium WordPress Themes Free
Premium WordPress Themes Download
Download Best WordPress Themes Free Download
Free Download WordPress Themes
udemy paid course free download
download intex firmware
Download WordPress Themes Free
udemy course download free