Северна Македонија ќе биде домаќин на Состанок на лидерите од регионот, за Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан

Дополнително ќе биде објавен точниот датум на одржување на Состанокот, како и детали за настанот

фото: Christian Lue on Unsplash

Министерството за европски прашања информира дека во втората половина од март Северна Македонија ќе биде домаќин на следниот Состанок на лидерите на Западен Балкан (WB6), посветен на Планот за раст на Европската Унија.

„Одлуката е донесена како резултат на проактивната улога на Владата на Република Северна Македонија во подготвувањето и имплементацијата на Реформската агенда поврзана со овој стратешки план“, стои во соопштението.

Дополнително ќе биде објавен точниот датум на одржување на Состанокот, како и детали за настанот.