fbpx

Северна Македонија и Романија ќе соработуваат во креирање антикорупциски политики

-

Заменичката на претседателот на Владата зaдолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска се сретна со Адела Моника Аксинте, амбасадорка на Романија во земјава. На средбата се разговараше за можноста за унапредување на соработката меѓу Северна Македонија и Романија, посебно во областа на креирање  антикорупциски политики и во делот на доброто владеење, како и за споделување корисни искуства од Романија во процесот на пристапување кон ЕУ.

Вицепремиерката Грковска се заблагодарила за пријателството и поддршката од Романија и посочила дека Кабинетот за креирање на политики за добро владеење е фокусиран на неколку проекти поврзани со антикорупциски политики и интегритет, кои ќе се реализираат во следниот период.

„Амбасадорката Аксинте го поздрави почетокот на скрининг процесот за членство на Северна Македонија во Европската Унија и посочи дека нашата земја може да очекува експертска поддршка од Република Романија во имплементирање на реформите потребни за остварување на евро-интеграциските процеси“, соопштуваат од кабинетот на Грковска.

Во однос на отворање на преговорите со ЕУ, вицепремиерката Грковска се заблагодарила за искрената и пријателска поддршка од Романија. Вицепремиерката и амбасадорката Аксинте се согласиле дека двете земји треба да продолжат да ги одржуваат добрите односи и да работат на унапредување на соработката, која е во интерес на сите граѓани во двете земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...