„Сестри“ и „Самоуништување“ на февруарската програма во Кинотека

Фото: Кинотека на Северна Македонија

Во филмската програма за месец февруари,  Кинотеката на Северна Македонија ни подготвува проекции на два македонски играни филмови, еден во македонска копродукција, оддава акцент на француската продукција и кинематографија,  ќе може да се проследат и неколку кратки експериментални филмови.

Програмата започнува утре со првото прикажување на „Сестри“ од режисерката Дина Дума во 18:00 часот. На проекцијата ќе бидат присутни и креаторката Дума и актерките Антонија Белазелкоска и Миа Жиро со кои по завршувањето на филмот публиката ќе има можност да разговара.

  • „Сестри“ ќе се емитува во текот на целиот месец, 2 февруари (среда), 20:00, 3 февруари (четврток), 18:00, 5 февруари (сабота), 20:00, 7 февруари (понеделник), 20:00, 11 февруари (петок), 20:00, 12 февруари (сабота), 20:00, 28 февруари (понеделник), 20:00.
  • „Македонско-турскиот филм, „Самоуништување“ во режија на Ербил Алтанај и сценарио на Сашко Насев е урбана трагикомедија чија тема е распаѓањето на семејството, кризата на поединецот врзана со духот на времето во кое се случува дејството, семејна морална драма која може да се смести и во кое било време и место. Во Кинотеката ќе се прикаже на 1 февруари (вторник) 20:00, 2 февруари (среда) 18:00 и 3 февруари (четврток) во 20:00 часот.
  • Францускиот игран филм „Демиен сака да го промени светот“ (Damien veut changer le monde / Adopt a Daddy) во Кинотеката достапен на 4 февруари. Демиен работи во основно училиште и води тивок живот. За да ги спаси Бахзад, еден од неговите млади студенти, и неговата мајка, од скорешно протерување од земјата бидејќи се емигранти, Дамјан повторно се поврзува со милитантното минато на неговите родители и ја убедува неговата сестра Мелани – која во меѓувреме станала успешна деловна адвокатка – нејзината најдобра пријателка Руди и еден куп други ликови да го потпомогнат во неговата нова битка за опстанок. Солидаризирајќи се меѓусебно, тие ќе го прекршат законот и нивните очекувања многу бргу ќе бидат надминати.
  • Деби филмот на сценаристката и режисерка Башоли, „Улиште“ е трикратен добитник на награда на 38 филмски фестивал „Санденс“ во САД годинава, како и официјален косовски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар меѓународен филм. Филмот е во копродукција меѓу Косово, Македонија, Чешка, Луксембург и Албанија. Во Кинотека ќе биде достапен на 8 февруари (вторник) во 20:00, 9 февруари (среда), 18:00, 10 февруари (четврток) 20:00 15 февруари (вторник), 20:00, 16 февруари (среда), 20:00 и 28 февруари (понеделник) во 18:00 часот.

Месецов ќе бидат прикажани и шест кратки филмови на македонскиот уметник и писател Илија Павлов. Павлов е комплетен автор на своите филмови (сценарио, режија, монтажа и камера), ја основал својата продуцентска куќа „Персона филм“ преку која ги продуцира сите свои досегашни филмови. Документарниот филм „1963: Добра ноќ Скопје“, краткиот игран филм „Излез“, експерименталниот „Од љубов“, „Борец: Томче Павлов“, документарен, и кратките експериментални филмови „Изгубени во животот“ и „Дух“ ќе се најдата на платното ви Кионтека на 4, 5 и 7 февруари од 18:00 часот.

Месец февруари Кинотеката ќе го проследи со повеќе европски филмови за кои дополнителни информации може да се пронајдат на официјалната страна.

На 26-ти февруари (сабота) ќе биде организиран „Прешернов ден“, по повод денот на словенскиот поет, Франце Прешерн, во организација на „Словенечки Центар – Скопје“.