Серијата „Squid Game“ предизвикува контроверзии: Наставници од Британија се сериозно загрижени од штетните влијанија врз децата

Фото: Принтскрин Твитер и Јутуб

За една недела од објавувањето на Нетфликс, серијата Squid Game стана една од најгледаните програми на платформата. Во првите 28 дена од објавувањето, привлече повеќе од 111 милиони гледачи, но предизвика и бројни реакции поради негативното влијание.

Сообраќајците од Британија се обидоа на шеговит начин да ги предупредат збунетите возачи дека сообраќајниот знак на раскрсницата 5 од М4 во близина на Слоу, град оддалечен 32 километри од Лондон, нема да ги насочи возачите кон серијата „Squid Game“, Пренесе Би-Би-Си.

Британски Индепендент објави дека оваа серија може да биде една од најпопуларните која е достапна на стриминг платформите до денес, но исто така може да биде една од најконтроверзните.

Јужнокорејската „Squid Game“ наиде на осуда од страна на наставниците во училиштата и психолозите кои се загрижени дека децата повторуваат некои од предизвиците и алармираат дека многу од епизодите содржат многу насилни сцени во кои натпреварувачите се убиени или тешко повредени.

Соња Ливингстон, професорка по социјална психологија и експерт за медиумскиот ризик за деца, во Лондон Скул оф Економик (ЛСЕ), рече дека во изминатите неколку години постоеше матрица на предизвици и лудости што се здобиваат со популарност на Интернет и постои страв дека тоа ќе доведе до копирање на дела во реалноста.

Наставниците од училиштето Сандаун од Кент започнаа да држат дополнителни часови против насилство и превенција од штетните влијанија на Интернет како одговор на популарноста на серијата. Училиштето Џон Брамстон од Илфорд исто така ги предупреди родителите.

„Забележавме зголемен број деца кои почнаа да играат свои верзии на оваа игра на игралиште – што пак предизвикува конфликт во групите. Децата што го гледаат ова се изложени на графички реалистични сцени на насилство и за жал, децата го имитираат ова однесување во игралиштето и тоа нема да се толерира. Ве известуваме дека оваа серија е означена дека не е за помлади од 15 години и не е соодветна деца од основно училиште. Родителите на секое дете кое ги имитира или демонстрира овие однесувања ќе бидат повикани и ќе бидат применети санкции. Ве молиме, бидете свесни за опасностите од оваа ТВ програма за вашите деца и зајакнете ги позитивните однесувања. Исто така, ве молиме експлицитно да споделите дека преправањето дека пукате еден во друг не е соодветно – ниту прифатливо. Ве молиме, поддржете нè во очувувањето на безбедноста на вашите деца, “ е наведено во писмо испратено до родителите научениците од основното училиште Џон Брамстон во Илфорд.