fbpx

Семинарот за македонски јазик ќе прерасне во Македонистички центар „Македоникум“

-

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, кој годинава одбележа половина век постоење на својата летна школа, ќе прерасне во Македонистички центар „Македоникум“, најави проф. д-р Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик при Владата на Република Македонија, презентирајќи ги мерките на Советот за подобрување на состојбата на македонскиот јазик кои Владата ги поддржала.

Како што најави Спасов, и понатаму ќе се одржува летната школа за странци, кои би биле стипендирани од Владата, но во рамките на „Македоникум“ се планира и постојана школа за изучување на македонскиот јазик како странски, а ќе се отвори и центар за постојана обука на лекторите по македонски јазик во странство. Во рамките на реформираниот семинар за македонски јазик ќе се отвори и летен камп за подука по македонски јазик за македонските деца кои живеат надвор од границите на Македонија, а се предвидува и издавачка дејност на македонистичкиот центар.

На Меѓународниот семинар годинава учествуваа 74 учесници, а во сите 50 изданија досега учествувале повеќе од 4.000 учесници од повеќе од 50 земји, меѓу кои истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти што го изучуваат македонскиот јазик низ лекторатите во светот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...