Семејството на Кулакова повикува на протест по пресудата на Васил Јованов

Сестрата на загинатата Фросина, Росица Кулакова по судењето на социјалните мрежи изрази незадоволство од пресудата на кривичниот суд, каде што изјави дека „Ова не е пресуда што ја задоволува правдата. Ова е потсмев кон секој родител што плаче над гробот на своето дете.“

Граѓани палеа свеќи за починатата Фросина Кулакова / фото: Мета.мк

Основниот кривичен суд Скопје денес му досуди 12 години затвор на Васил Јованов кој со автомобил на 29 јануари годинава ја усмрти 22-годишната девојка Фросина Кулакова во сообраќајна несреќа кај Универзална Сала.

Сестрата на загинатата Фросина, Росица Кулакова по судењето на социјалните мрежи изрази незадоволство од пресудата на кривичниот суд, каде што изјави дека „Ова не е пресуда што ја задоволува правдата. Ова е потсмев кон секој родител што плаче над гробот на своето дете.“.

Росица Кулакова ги повикува сите граѓани утре пред Универзална Сала на масовен протест, кој што ќе започне во 17:00 и ќе се упатат кон кривичниот суд.
Таткото на починатата, Тодор Кулаков, по судењето за медиумите изјави дека судот дал награда за вакво брутално убиство во сообраќајот. „Доколку го обвинувам судот ќе кажам дека мојот прв впечаток е дека родителите на Васил беа тотално релаксирани во судницата. Дали они ја знаеа казната? За разлика од претходното рочиште кога беа целосно вкочанети.“.