fbpx

Селата од охридско-струшкиот регион добија струја

-

Дистрибутивната мрежа оштетена од снежните наноси и од силниот ветер е санирана, инфомираат од ЕВН. Оттаму соопштија дека синоќа поголем дел од отсечените села во струшкиот, охридскиот и во ресенскиот регион добија електрична енергија.

Нормализирано е снабдувањето во преспанските населени места Козјак, Горна и Долна Бела Црква, Езерани и колекторот во Езерани, Љубојно, Долно Дупени, Лева Река, Крушје, а се очекува дека до полноќ под напон да биде и населеното место Грнчари.
Во охридскиот регион електрична енергија добија Долно и Горно Лакочереј, Климештани, дел од Мешеишта и Требеништа, а сите дефекти на 10-киловолтниот далекувод кај Велестово и кај Крушје се отстранети и се очекува утринава да биде нормализирано снабдувањето.
Во струшкиот регион нормализирано е снабдувањето во Горно и Долно Татеши, Љубаништа, Октиси и во Боровец. Во Делогожда и во Радожда екипите на ЕВН и жителите на овие села заеднички се пробиваат до завеаните столбови и се работи до доцните ноќни часови.
Во струшкиот регион од синоќа под напон се Калишта, Франгово, Радолишта, Феришта, Дреслаица, Мороишта, Ложани, Ливади, Биџево, Вевчани и Велешта.
Од „ЕВН Македонија“ соопштуваат дека интензивно се работи да се воспостави снабдување со електрична енергија и на населените места во Центар Жупа.
Во струшкиот регион на потегот околу Луково и Јабланица столбовите се тешко пристапни и екипите на ЕВН тешко се пробиваат до нив, но и синоќа и денеска ќе се работи на тоа да се нормализира снабдувањето.
Најкритични се селата во дебарскиот регион во реканскиот крај на потегот од Жировница до Бошков мост, каде комплетно е уништена дистрибутивната мрежа и 35-киловолтниот и 10-киловолтниот далекувод. На овој потег се прави една нова врска, за само еден ден се подигна сосема нов далекувод од 12 столба, но двата затегнувачки столба кои ја прават врската преку Дебарско Езеро се урнати од ветрот и од снегот и заедно со проводникот се во езерото. Во текот на денешниот ден со специјализирани екипи и чамци ќе се постават два нови столба и ќе се премостува врската низ езерото.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...