fbpx

Селата на Козјак се отсечени поради снегот

-

Регионалниот центар за управување со кризи – Куманово соопшти дека во општина Липково во моментов на терен работи тешка механизација и дека сите патни правци кои се во надлежност на Општината се проодни, но сообраќајот се одвива отежнато во зимски услови. До крајот на денов или најдоцна до утре изутрина се очекува да се расчисти и макадамскиот пат Липково – Глажња -Гошинце.

Во Куманово, според РЦУК, улиците се проодни, а што се однесува до селата, во текот на денот се расчистува кон Пчиња, Студена бара, Никуљски пат и приградските населби. Оттаму велат дека повторно поради наноси од снег ќе се расчистуваат патиштата кон Горно Којнаре, Долно Којнаре, Четирце, Табановце, а од утре ќе се чистат патиштата кон Орашац, Скачковце, Градиште…

Градоначалникот на општина Младо Нагоричане, Милован Стојковски, денеска соопшти дека се расчистува патот од Старо Нагоричане кон Младо Нагоричане.

– Имаме повеќе кризни ситуации. Некои села, особено планинските се отсечени. Сепак, Општината зафаќа голема територија. Ќе побараме помош од Дирекцијата за заштита и спасување – изјави Стојковски, додавајќи дека сите планински села на Козјак се отсечени, меѓу кои се и селата Жегљане, Арбанашко, Дејловце, Малотино, Канарево, Бајловце, Жељувиново, Цветишница.

Од РЦУК информираа дека утре ќе се расчистува патот кон Дргоманце, Кокино и кон Арбанашко. Дел од селата немаат снабдување со електрична енергија, бидејќи екипите на ЕВН не можат да отидат до местото поради неисчистените патишта и да го отстранат дефектот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...