fbpx

Села-Гаши: ДУИ нема легитимитет, тие се само форма без содржина

-

Лидерите на коалиционите партии „Сега е време“, Зијадин Села од Алијансата за Албанците и Африм Гаши од „Алтернатива“, денеска одржаа прес-конференција во врска со постигнатиот договор меѓу СДСМ и ДУИ за формирање на влада. Тие овој договор го нарекоа погреб на демократијата и симболична форма без содржина, пишува Порталб.мк.

Зијадин Села рече дека во овие моменти надежта е убиена, а Собранието е институцијата во која вољата на граѓаните изразена со гласање треба се претвори во реалност.

„Ова е местото каде одговорните политичари по завршувањето на изборниот циклус, седнуваат и преговараат за спроведување на програмата што е легитимирана од граѓаните, рече Села додавајќи дека нивните противници „ДУИ воопшто немаат легитимитет бидејќи истиот го имаат купено и украдено со уцени и заплашување на граѓаните“.

„Она што ги карактеризира нив, пост – комунистите по логика и убедување, секако не може да биде исклучок од формата како би се однесувале во моментот кога би се преговарало – го покажуваат и нивните настапи, формата без содржина се нарекува симболика, што за жал ДУИ се обидува да го претстави како форма и без воопшто содржина“, рече Села.

Според него, ДУИ се обидува да ја претвори оваа симболика во успех, но тој и Африм и уште 10-мина пратеници ќе бидат тука континуирано со заеднички глас да ги бранат интересите на народот “и да им се каже на Албанците дека е можно и над можностите, да им кажеме на нашите противници дека сега нема да се соочат само со политички партии кои ќе одговорат на нивното насилство со демократски методи, доколку е потребно, заедно со народот, ќе организираме отпор за одбрана на слободата“, рече Села.

Лидерот на „Алтернатива“, Африм Гаши рече дека денеска тие се обраќаат „по еден тежок ден и црна вест што Албанците ја добија за конечно погребување на демократијата меѓу Албанците во нашата земја“.

„Ако владата ги нема двата елемента, законитост и легитимност, истата не може да оди напред и не може да ги претставува своите граѓани“, рече Гаши.

Според него, вчера е констатирано и објавено дека е постигнат договор, од кои едната партија е тотално делегитимирана откако се откажа од своето главно ветување за премиер Албанец.

„Затоа, ние како претставници на Албанците, со 82 илјади гласови и сите други Албанци кои не сакаат измама и ја сакаат демократијата, сме тука да им кажеме дека ќе продолжиме да ги браниме нивните интереси, ќе водиме силна битка, нема да застанеме ниту еден ден, во ова Собрание, користејќи ги сите демократски средства со цел волјата на Албанците да дојде на свое место“, рече Гаши.

Тој додаде дека му е жал што многу млади, можеби од денес, ги земале своите куфери, да побегнат на Запад, но ги повикува да издржат уште малку.

„Убеден сум дека оваа влада е изградена на стаклени нозе и на првиот удар ќе се сруши. Убеден сум дека животниот век на оваа влада ќе биде краток и надежта во оваа земја дефинитивно ќе се врати“, рече Гаши.

Тие најавија дека ќе организираат отпор „за заштита на слободата, гласот, одлуката и иднината на сите граѓани во Северна Македонија“. Како што рекоа, основниот принцип на Алијансата за Албанците и Алтернатива не се министрите и позициите, туку законите што ќе го подобрат животот на граѓаните. Во врска со предлогот на секретарот на Алтернатива, Скендер Реџепи дека ќе предложи да се бојкотира работата на Собранието, Села рече дека партиите не донеле одлука и доколку има такво нешто ќе ја известат јавноста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...