Села до ВМРО-ДПМНЕ: Ајде првин да гласаме за СЈО, па да одиме на нови избори

-

По час и половина реплики и контрареплики меѓу пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и обвинувања кон СДСМ, со повремени повици за предвремени избори, на  говорницата на денешното 19.  продолжение на конститутивната седница говореше и Зијадин Села од Алијанса на Албанците, кој ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ тие да гласаат за продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство и за специјален суд, а тој потоа ќе гласа за нови предвремени избори.

Тој, мислејќи на платформата на албанските партии, им порача на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека е очигледно оти напаѓаат нешто што постоело и кога била ВМРО-ДПМНЕ на власт.

– Ние Албанците имаме израз: Како ќе се обратиш на планината, така ќе ти врати. Се кажуваше и за платформа и за суверенитет… Платформата постоеше и кога вие имавте мандат, сега само сакате да ја избегнете одговорноста. Јас не сум од политичарите кои на своите деца сакаат да им остават иднина на мито и на корупција. Затоа, вашиот предлог за предвремени избори го прифаќам. Но, дали сте сигурни дека вашиот претседател Иванов нема да ги игра истите игри со недавање мандат. Ајде да го разрешиме во парламентот. Нека бидат и локални и парламентарни избори истовремено, ама ајде првин да гласаме за СЈО со двотретинско мнозинство, за специјален суд, па да одиме на предвремени избори. Јас ќе гласам, прашајте го вашиот претседател и кажете. Јас знам дека не сте подготвени да гласате за СЈО, затоа зад сите тие големи зборови се крие стравот од одговорност пред законот – рече Села.

На тоа му контрареплицираше Крсто Јовановски, кој го држи денешниот рекорд во реплики и во контрареплики.

– Колега Села, јас ќе ви одговорам исто така со поговорка. Како си сеел, така ќе жнееш… Ти, колега, кажа дека знамето и химната не важат за тебе, каков однос од нас сакаш? Ти го споменуваш СЈО, совршено добро знаеш што е СЈО. Претседателот Груевски и оној кој вие фикус го нарекувате, им побара на СДСМ да се откажат од платформата и ќе добијат поддршка за малцинска влада, понуди потоа, ако сака, сите од ВМРО-ДМНЕ да ги носи  во затвор… Не е во прашање омраза наша спрема вас, туку дали сме подготвени да имаме соживот, колега Села – одговори Јованоски.

Инаку, во целото продолжение до настапот на Села зборуваа само пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, од кои некои речиси не креваа глава од листовите што ги донесуваа на говорницата, како Борис Змејковски, а се уфрлија и Зекир Рамчиловиќ и Чедомир Саздовски, од коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ.

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Институтот за применети истражувања и бизнис од Скопје, ќе обучува тренери кои потоа ќе ги учат нашите наставници како да им предаваат на учениците од новите генерации, кои се веќе навикнати...

(Галерија) На Школка се одржа настанот „Гуш и бац е љубов“, децата учеа и се поврзуваа без предрасуди

„Гуш и бац е љубов“, е настан кој по шести пат вчера се одржа на Школка во Градски парк. како што велат организаторите, здружението „Аутизам ААМК“, настанот бил прослава на детската...

Изгубениот контекст на изјавите на Тони Блер

Британските, но и дел од македонските медиуми во сензационалистички манир ги претставија ставовите на некогашниот премиер на Обединетото кралство, Тони Блер, како дефинитивен пораз на поборниците за климатски промени. Но, голем дел...

ДИЦ: Освен во училишта, матурата годинава ќе се полага и на пет универзитети

Годинaшната државна матура ќе се спроведува не само во средните училишта, туку и во простории на пет државни универзитети низ земјата. Како што потврдуваат од Државниот испитен центар (ДИЦ) за Мета.мк,...

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Институтот за применети истражувања и бизнис од Скопје, ќе обучува тренери кои потоа ќе ги учат нашите наставници како да им предаваат на учениците од новите генерации, кои се...