fbpx

Секој втор тест за ковид-19 е позитивен, евидентирани нови 788 случаи, починале двајца

-

Вкупно 788 нови случаи на ковид се регистрирани во текот на изминатото деноноќие, информира Министерството за здравство. Направени се 1.631 тестови, а најголем број од заразените се евидентирани во Скопје, 350. Процентуално, 48 отсто од тестираните се позитивни на ковид. Од вкупниот број позитивни лица, регистрирани се 191 реинфекции, а освен тоа, евидентирани се и 541 оздравен пациент.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од Струга (89г) и Охрид (92г), двајцата се починати во болнички услови.

„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од системот на „Мој Термин“ се регистрирани две починати лица од Куманово (81г) и Гостивар (78г). Двајцата се починати во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 7 до 12 јули“, информираат во министерството.

Досега во земјата се направени вкупно 2.104.009 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 321.386, бројот на оздравени пациенти е 308.199, на починати е 9.349, а бројот на активни случаи изнесува 3.838.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...