Заклучно со септември, годинава 132.527 станови биле ставени под хипотека што е 12,2 отсто од вкупниот број од 1.084.534 запишани станови во нашата држава, покажуваат податоците од Регистарот на цени и недвижности.

На врвот на листата градови со најголем број станови под хипотека е Скопје каде од вкупно 317.074 станови под хипотека се ставени 64.301 стан или 20,2 отсто.

На второто место е Неготино каде што под хипотека се 19,06 отсто од вкупниот број станови, а на третото место е Гевгелија каде 16,43 отсто од стновите се под хипотека.

Сајтовите на поголемите банки како што се Стопанска банка Скопје, НЛБ Банка и Комерцијална банка покажуваат дека многу често становите што се ставени под хипотека завршуваат на пазарот на недвижности како запленет имот, а по основ на ненаплатени побарувања за издадени кредити. Понудата на некои банки е толку голема што тие стануваат сериозна конкуренција на агенциите за недвижности.