Сеедно дали ќе се вика ветинг или реизбор – Македонија мора да ги реоцени судиите

-

По усвојувањето на реформските закони, Македонија треба да спроведе проценка или ветинг за работата на судиите и обвинителите, со цел да ги исчисти судовите на оние кои работат со политички влијанија и да ја вратат довербата на граѓаните во судството. Ова е оценката на правниот експерт Насер Зибери и претседателката на Институтот за човекови права (ИЧП), Маргарита Цаца-Николовска, пишува „Порталб.мк“.

Неопходно е судовите во Македонија да бидат „исчистени“ од судии кои ја делат правдата на подреден и пристрасен начин.

„Разбирливо е дека судството ќе мора да се реформира во целост. Актуелниот премиер вети дека ќе направи целосен реизбор на судии и обвинители, но за жал тој се повлече од оваа идеја и надежта дека судството може да се врати во шини останува нереализирано”, вели Зибери.

Тој додава дека реформите што се одвиваат во моментов во Министерството за правда се само промени на хартија, но во реалноста нема сериозни промени.

„Можеби би било во ред Северна Македонија да влезе во потешките акции како што се случува во Албанија со ветинг за да се види профилот на секој носител на функција во судската власт, и во судовите и во обвинителството. Со тоа сигурно би се решиле многу случаи и би се елиминирале кадри кои се корумпирани, под политички влијанија, но и судски пресуди врз етнички линии. Така ќе испадне дека многу од овие лица нема да можат да го покријат професионалниот аспект, но и материјалниот во ситуацијата во која се наоѓаат”, вели Зибери.

Маргарита Цаца Николовска проценува дека по усвојувањето на законите на хартија, сега треба да следи оценувањето на работата на судиите, според барањето на ЕУ.

„Не е важно како ќе се вика ветинг или реизбор на судии, но јас сум стриктно за тоа дека мора да се спроведе оценување на судиите и да констатира кои судиите грешеле и за кои ќе се покаже дека работеле независно и непристрасно, односно според законот. Реформите прво беа направени со усвојување на законот, сега е редот на ваква проценка. Треба да се спроведе проценка бидејќи имаме проблем, бидејќи од сите страни сме опкружени со лоши оценки за судството. Во таква ситуација, државата мора да стори нешто, а тоа е и обврска дури по барање на ЕУ”, вели Цаца-Николовска, додавајќи дека прво треба да се донесат законите за да се имплементира истото.

Инаку, неодамнешните настани во судството со кои се амнестираа и ослободија од гонење функционери кои се обвинети за тешки кривични дела, и меѓународниот притисок за судските реформи, поради што и не добивме датум за почеток на преговори со ЕУ во јуни, ги натера граѓаните да го покажат со прст кон Владата, дека не ги исполнила ветувањата дека – ќе има правда за сите, дека сите пред законот да бидат еднакви, и дека судиите кои донесуваат скандалозни одлуки ќе бидат казнети.

Иако оваа власт е поделена и независна во хартија, во пракса кога станува збор за казнување на некои високи функционери, одеднаш се појавуваат “правни пречки” или “процедури”, кои го попречуваат спроведувањето на правдата.

Владејачката партија, додека беше во опозиција најавуваше оценување на судиите, сепак, се премисли штом ја презеде власта.

Инаку, ветингот е процес кој служи за разрешување на јавни службеници кои немаат интегритет во исполнувањето на нивните должности и со тоа да се врати довербата на јавноста во работата на државните институции. Како по правило, процесот на ветинг се врши со контрола на фигурата на некое лице пред да му биде понудена работа. Во зависност од работното место или проектот, процесот на верификација може да се базира на контрола на вештини, личност, имот или било кој друг фактор поврзан со целта на ветингот.

Таков процес се одвива во Албанија. Зависно од модалитетот, ветингот може да ги вклучи сите судии и обвинители на кои им се проверува имотот, фигура или професионална способност. Проверката ја спроведува Независната комисија, под меѓународно набљудување.

Еко-свест: Климатската криза може да се ублажи само со заедничка акција

Глобалните кризи како економската, безбедносната и климатска, кои може да го загрозат развојот на општеството, претставуваат сериозен предизвик за сите држави и заедници. Единствен начин на кој овие кризи може да...

УКИМ одбележа 76 години од основањето со награди за најдобрите студенти

Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје, најстарата високообразовна институција во земјава, денес со доделување награди на најуспешните студенти го одбележа патрониот празник - Денот на Светите Кирил и Методиј. На свеченоста се...

Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие од Струмица за злоупотреба на службена положба и овластување

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член...

Платформата на граѓански организации за борба против корупција со реакција врз преговарањето за „Договор Влада со Влада“

Платформата на граѓански организации за борба против корупција реагира на нетранспарентноста на процесот на преговарање на договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство во врска со...

Еко-свест: Климатската криза може да се ублажи само со заедничка акција

Глобалните кризи како економската, безбедносната и климатска, кои може да го загрозат развојот на општеството, претставуваат сериозен предизвик за сите држави и заедници. Единствен начин на кој овие кризи...