Младинската школа SEEDIG, која е динамична иницијатива за градење капацитети, насочена кон екипирање универзитетски студенти и млади професионалци од 18 земји, нуди стекнување со основни знаења и вештини во областите на управување со Интернет и дигиталната политика. Тие ги повикуваат сите млади на возраст од 18 до 30 години, љубители на технологијата, правата и политиките на Интернет, кои сакаат да дознаат како Интернетот функционира надвор од социјалните мрежи.
Школата ќе се одржи во Атина од 9 до 12 октомври 2025, при што за учесниците ќе биде обезбедено покривање на трошоците за пат, сместување и исхрана.
Рокот за аплицирање е 30 јуни. Учесниците ќе имаат можност да учат од експерти во областа, нивни врсници и креатори на промени од цела Југоисточна Европа.
Годинава, како што информираат од Младинската школа SEEDIG, ќе се учи во две комплементарни фази. Првата фаза се состои од модериран онлајн курс за управување со Интернет, кој нуди сеопфатен преглед на клучните засегнати страни, инфраструктурата и рамките што го дефинираат дигиталниот екосистем. Втората фаза, пак, е еднодневен настан со физичко присуство што се одржува во Атина, со интерактивни работилници, експертски дискусии и размена на искуства меѓу врсници.
