fbpx

Седум повредени откако возило влета во продавница во Скопје

-

Еден пешак и уште шест лица вработени во продавница се повредени вчера откако возило влетало во продавницата, на булеварот Македонско-косовска бригада во Скопје.

Како што информира МВР во дневниот билтен, настанот се случил вчера изутрина, во 7.40 часот, кога Ќ.О. (42) од Скопје управувајќи возило „опел астра“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола над возилото и удрил во пешакот Х.Р. (29) од Скопје.

– По ударот во пешакот, возачот продолжил со движење на возилото и со предниот дел удрил во влезната врата од продавница, по што продолжил да се движи во просторијата и удрил во една од касите за наплата, во метални рафтови и во колички за пазарење, при што дошло до разнесување на предмети и стакло и дел од истите удриле во некои од вработените. Во незгодата, тешки телесни повреди добил пешакот, кој бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на лекување – наведуваат од МВР.

По незгодата лекарска помош побарале и вработените од продавницата, Ш.Ф. (25), А.С. (20), А.М. (22), С.О. (19), Ш.Х. (25) и С.Ј. (19), кои со возило на итна помош биле пренесени во ГОБ „8 Септември“, каде им биле констатирани телесни повреди, а по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување.

Екипа од СВР-Скопје извршила увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...