fbpx

Седум лица тешко повредени во сообраќајна незгода кај превојот Пресека

-

Седум лица се тешко повредени во сообраќајната незгода што утрово се случи на магистралниот пат Кичево – Охрид, во близина на планинскиот превој Пресека, информираше портпаролот на СВР од Охрид, Стефан Димоски.

Поради стекнатите тешки телесни повреди, на Ургентниот центар во Скопје испратени се И.А. (21) и М.С., двајцата од Скопје, Б.С.(25) од скопското село Глумово и Д.В. од струшкото село Лабуништа.

Со сериозни повреди, во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, префрлени се Д.А. и М.Ш., и двајцата од селото Лабуништа, и Н.А. (46) од селото Глумово.

Во сообраќајната незгода учествувале патничко моторно возило марка „мерцедес“ со италијански национални ознаки, управувано од М.В.(51) од струшкото село Лабуништа, кое по магистралниот пат се движело од Охрид кон Кичево, и патничко возило „голф“ со македонски национални ознаки, управувано од И.А., кое се движело во спротивниот правец.

При разминување на двете возила, се случил судар на нивните предни леви страни.

На местото на сообраќајната незгода, извршен е увид во присуство на јавен обвинител, криминалистички техничари и полициски екипи од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај од Кичево.

За време на увидот имаше мал прекин на сообраќајот, а потоа физичко регулирање од полициски службеник со наизменично пропуштање на патничките и на другите моторни возила.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...