fbpx

Седум години по смртоносните поплави, Шипковица и жителите сè уште запоставени од властите

-

Поминаа седум години од поплавите во тетовското село Шипковица, во кои четири лица ги загубија животите, а денеска жителите на ова село вознемирено се потсетуваат на ужасот што го доживеале тој ден. Стравот од повторување на поплавите е сè уште присутен, додека властите само зборуваат и организираат посети, особено во тек на предизборијата, пишува Порталб.мк.

Жителите на Шипковица уште се чувствуваат загрозени откако во 2015 година се случија поплавите. Велат дека селото може да го зафати уште една катастрофа која природата може да ја донесе и денес, и затоа овој проблем треба најитно да се постави на дневен ред, за да се реши во вистинско време.

Претседателот на месната заедница Исмаил Иљази вели дека инфраструктурата е запуштена и претставува најголемиот од сите проблеми што постојат, особено во текот на есента и зимата кога главниот пат на селото го користат и жителите од селата Бродец, Вешала и Бозовце.

Тој вели дека сè уште не се информирани за изградбата на коритото во Шипковица и дека работите за средување на ова корито оставиле надвор од неговата регулација околу 12 семејства.

„Нашата главна грижа е што по седум години овде се работи, а ние не знаеме ништо што се работи. Повеќе од 12 куќи останаа надвор од опфатот, затоа е добро да се оди на местото на настанот за да се видат урнатините кои се таму и ѕидот во близина на џамијата што се држи од почвата на џамијата, но и тој е пред уривање. Ако не се среди долниот дел, тогаш подобро е работата да се прекине“, изјави Исмаил Иљази.

Жителите се жалат и дека не се обесштетени за претрпените штети.

„Земјата е распукана, никој ништо не допрел, како што можете да видите имало и други поплави, земјата се лизга надолу, а куќите се во опасност. Кога врне, спиеме со страв. Тие (н.з. институциите) треба да преземат иницијатива да ги средат“, вели Меџаит Велија, жител кој тврди дека институциите не покажале грижа и дека не ги надоместиле штетите.

„Апелирам до институциите што поскоро да преземат мерки, има многу куќи кои се во опасност од поплави. Жителите спијат со страв кога врне“, рече Имер Иљази, жител на селото.

„Некои куќи се обесштетени, а некои не“, додава Исмаил Иљази.

Претседателот на месната заедница вели дека со жителите ќе одат пред парламентот, ќе бараат и од Европскиот совет да не се потценуваат и да не бидат занемарени, туку да им се најде решение.

Поплавите од 2015 година однесоа четири животи, меѓу кои и едно дете. Освен во Шипковица, штети и жртви имаше и во селата Голема Речица и Порој. Надлежните ветуваа решенија, средување на коритата и помош за жителите, но сето тоа, како и во многу други случаи, остануваат само празни зборови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...