fbpx

Седум цивили загинаа, а десетици се повредени во руските напади врз Украина

-

Најмалку седум цивили загинаа, а десетици се повредени во најновите руски напади врз Украина што се случија во изминатово деноноќие. Најжестоки биле нападите врз Херсон, којшто во изминативе 24 часа бил гаѓан дури 74 пати. Притоа, пет цивили го загубиле животот, а 17 лица биле повредени во Херсон, јавува Укринформ. Во руските ракетни напади биле погодени школо, градинка, автомобили, куќи, станбени згради и критична инфраструктура во Херсон. Меѓу повредените во сериозна состојба се наоѓа девојка, која била погодена од шрапнели од ракетите.

И во Донецкиот регион во изминатово деноноќие руските напади предизвикале смрт на двајца цивили, а пет лица биле повредени, пренесува Укринформ. Жртвите се од населеното место Куракхове, кое било нападнато од руските сили.

Во Харкивскиот регион изминатово деноноќие биле погодени 14 населени места од руските ракети. Погодени биле станбени згради, инфраструктурни објекти и други зданија, но нема информации за повредени и загинати лица. Руски ракетни напади врз цивилни цели имало и во регионите Суми во североисточна Украина и во Днипропетровск во централниот дел на земјата, каде што се оштетени или уништени живеалишта, инфраструктурни објекти и други цивилни зданија, јавува Укринформ.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на божиќните и новогодишните празници ги предупреди граѓаните од нови руски напади, барајќи од нив да ги сфатат сериозно алармите за противвоздушна опасност и да си даваат едни на други помош во случај на опасност, пренесува Гардијан.

Зеленски рече дека руските терористи немаат почит кон христијанските вредности, ниту кон било која вредност која им значи на луѓето. Воедно, тој ги предупреди руските граѓани дека мора да разберат оти теророт никогаш не останува без одговор, не давајќи дополнителни детали на оваа тема во својот говор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...