Седмо издание на A1 Game Fest на 14 и 15 декември во Ист Гејт Мол

Гејмерите ќе се натпреваруваат во турнири во најиграните видеоигри. На самиот настан ќе има многу интересни активности, меѓу кои и натпревар во Косплеј,кој, како и секоја година, така и оваа се очекува да привлече најголемо внимание

A1 Game Fest 2024

Седма година по ред се одржува најголемиот гејминг настан во Македонија „А1 Гејм Фест 2024“. Настанот годинава ќе се случува на 14 и 15 декември во трговскиот центар Ист Гејт Мол.

Гејмерите ќе се натпреваруваат во турнири во најиграните видеоигри. На самиот настан ќе има многу интересни активности, меѓу кои и натпревар во Косплеј,кој, како и секоја година, така и оваа се очекува да привлече најголемо внимание.

Слоганот на настанот, како и минатата година, е „Гејмај одговорно“ при што се нагласува дека гејмингот е пасија за многумина, но сепак секогаш треба да се игра со ограниченост. Пријавувањето за сите игри и турнири е во тек, и за сите игри бројот на учесници е ограничен:

Counter-Strike 2: https://forms.gle/JEtZLwumrUqc3Hiz9

Dota 2: https://forms.gle/pWBos1bdu2YZAcwB9

EA SPORTS FC™ 25: https://forms.gle/7NJSBLZcVZuNq6XQ8

Tekken 8: https://forms.gle/8maTNMA9tDuxcikF6

Cosplay натпревар: https://forms.gle/ycJwCmPELwgaiwrz9

Иако и од самата видеонајава може да се дознае многу, најзаслужни за организирање на оваа манифестација, како и секоја година досега, се целиот тим на ГГ.МК и корпорацијата на А1.

Застапеноста на гејмерките како играчи на видеоигри секоја година е изненадувачки позитивна и бројот расте од година во година. Ана-Марија Глигорова е жена гејмер со која имаме претходно интервју токму на темата што значи да се биде жена-гејмер во Македонија. Таа годинава ќе биде коментатор на Текен 8 турнирот, а воедно ќе биде и еден од стримерите на манифестацијата.

ГГ.МК e првиот видеопоткаст во Македонија и првата онлајн емисија за гејминг која веќе со години известува за актуелните теми поврзани со видеоигрите, технологијата и попкултурата на светско и регионално ниво. Годинава прославија јубилеј од десет години, и активно се најголемиот медиум за гејминг во Македонија.