Седи дома и собирај попусти – нова мобилна апликација Challenger Дома

Пуштена во употреба новата апликација Challenger Дома, која ги предизвикува корисниците да останат дома, со што собираат поени кои можат да се заменат за попусти од локални бизниси. На секои 60 минути поминати дома, на корисникот му се додава еден поен. „Групер“, „Доминос“, „Преплет“, „Фиткит“ и „Драма“ се само дел од брендовите кои до сега се имаат вклучено и каде ќе можат да се користат попустите.

 

„Епидемијата од Ковид-19 како тим не натера да размислуваме што корисно би креаирале за нашите граѓани и компании, да направиме сите заедно добро за заедницата. Токму така се роди идејата за новата апликација наречена #ChallengerДома, преку која граѓаните ќе ги мотивираме и поттикнеме да седат дома. Инаку, во оваа фаза би сакале да ги повикаме сите компании да се вклучат да бидат дел од апликацијата, се со цел сплотени да ја пребродиме економската криза. Ве уверуваме дека оваа апликација ќе е вин-вин за сите, така што очекуваме да биде прифатена како од граѓаните, така и од компаниите” велат од Challenger.

Апликацијата може да се спушти на PlayStore и AppStore.