fbpx

Се зголемуваат продажбата на станови и издавањето деловен простор

-

Продажбата на становите во првите шест месеци од годинава е зголемена за 30,5 проценти во однос на последните шест месеци од 2014 година, покажува истражувањето на „Фортон Македонија“.

Цената на становите, која во просек изнесува 979 евра за еден квадратен метар и е најниска во последните 10 години, намалување на каматните стапки на банките, како и намалувањето на нивното учество од 30 на 10 проценти, се главните причини за овој позитивен тренд.

– Иако е очекувано дека при зголемување на побарувачката, треба да се зголеми и цената на становите, сепак таа остана најниска во последните 10 години, бидејќи имаше вишок станови од минатиот период. Цената и во следниот период нема да се промени, а неа ја контролираат пет градежни компании. Сè додека не се создаде конкуренција, нема да се спушти надолу. Нивниот профит се движи од 20 до 45 проценти, за разлика од развиените пазари каде тој процент е од 8 до 15 проценти. Тоа значи дека има уште простор за намалување на цената – изјави генералниот директор на „Фортон Македонија“, Влатко Богоевски.

Поради зголемениот број на трансакции, намален е и бројот на непродадени станови, па така ако во втората половина на 2014 година изнесувал 41 процент, сега е 36 проценти. Најскапи се становите во Центар, Карпош и во Аеродром.

Градежни компании кои доминираат на пазарот се „Адора“, „Голден арт“, „Настел“, „Дабар“, „НГ инжинеринг“ и тие имаат 37 проценти пазарно учество.

Цената, локацијата, функционалноста и квалитетот на градбата се пресудни во одлуката за купување на становите, а најмногу се продаваат оние од 54 до 59 квадратни метри.

Анализата на „Фортон“ покажува дека издадениот деловен простор е за 90 процнети повисок во однос на втората половина на 2014 година. За негово изнајмување, најмногу биле заинтересирани ИТ-компании и фирми од советодавно-услужниот сектор. Цените во овој сегмент за бизнис-центрите на примарните локации остана на ниво од 12 до 14,5 евра за еден квадратен метар.

Главна причина за зголеменото издавање деловен простор е интерсот на странските компании кои отвораат информативни центри.

Како што истакна Богоевски, овој процент ќе бил многу поголем, доколку не се случеше политичката криза, за време на која компаниите од двата наведни сектори ги одложиле активностите.

Најголем дел од деловните објекти се издаваат за салони за мебел и за продавници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Јавен сектор: вработени по етнички клуч и според образование

Во четири министерства застапеноста на етничките Македонци изнесува 70 отсто од вкупниот број на вработени. Во седум ресори застапеноста на етничките Албанци е над 30 проценти, пишува Порталб.мк. Во...