fbpx

Се зголемува притисокот врз битолските наставници да се вратат на работа

-

Сè поголем е притисокот врз битолските наставници да почнат со настава, тврдат за новинската агенција „Мета“, синдикалци на СОНК. Откако вчера најголем дел од наставниците во битолските основни и средни училишта се приклучија на штрајкот и не отидоа на настава, врз нив се вршеле притисоци да се откажат од нивната намера.
Во Битола, Средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ е најединствено, таму ниту еден од професорите не го зеде дневникот в рака.

– Само кај нас од цела општина се штрајкува во 100 проценти, сите сме единствени, иако синоќа добар дел од наставниците имаа притисоци да се откажат од штрајкот. За притисоците немаме докази, освен закани во четири очи. Исто така имаше обиди да ни подметнат списоци за редовност на работа. Но, едно е јасно, ние штрајкуваме според Законот за работни односи и нема потреба од никакави списоци – вели Благој Секулов, синдикалец во средното техничко училиште во Битола.

Од регионалната канцеларија на СОНК во Битола тврдат дека денеска сè повеќе наставници се приклучуваат на штрајкот.

– И покрај сè, денеска имаме поголем број наставници кои штрајкуваат од вчера. Иако на нашите членови им подметнуваат списоци и се бара од нив да се изјаснуваат за разни други прашања, сепак, како членови на СОНК, си ги знаат своите права и не подлегнуваат на таквите игри. Затоа бројот на штрајкувачи е во нагорна линија – вели Фанче Јошевска, претседателка на СОНК во Битола.

Вчера, на почетокот на штрајкот, градоначалникот Владимир Талески констатира дека целосно се штрајкува во две училишта под надлежност на Општина Битола, гимназијата „Таки Даскало“ и средното техничко училиште, по што најави дека ќе оди да види кои се причините за штрајкот во овие училишта.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...