fbpx

Се зголемува капитацискиот бод за матичните лекари од 50 на 55 денари

-

Капитацискиот бод за матичните лекари се зголемува од 50 на 55 денари од 1 јули 2016 година. Тоа значи дека матичните лекари ќе добијат 10 проценти зголемување за поквалитетна грижа за здравјето на пациентите.

Последното зголемување на капитацискиот бод кај матичните лекари е направено во 2011 година, од 45 на 50 денари.

За дејноста општа медицина, ФЗОМ ќе исплати 1 милијарда и 870 милиони денари за 2015 година. Зголемувањето од 5 денари по капитациски поен, за Фондот има дополнителна фискална импликација од 188 милиони денари годишно.

Добробит од оваа мерка ќе почувствуваат 1.527 тимови на матични лекари, кои работат во 1.085 ординации со кои Фондот има склучено договор во 2015 година.

Фондот за здравство вчера објави дека се зголемува капитацискиот бод за стоматолозите од 35 на 40 денари, односно за 14 проценти, од 1 јануари 2016 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...