Се зголемува интересот на големите банки за криптовалутите

Биткоин
фото: Bermix Studio на Unsplash

Дел од големите глобални банки ги мерат ризиците од лансирање услуги со Биткоин откако интересот за дигиталните монети почна да расте заедно со нивната цена, пишува британски „Телеграф“.

Порастот на вредноста на Биткоин довело до масовно зголемување на интересот и побарувањата на големите банки, а неколку финансиски институции во САД веќе сериозно размислуваат да започнат со некаков вид на услуги со криптовалути.

Цената на Биткоин надмина 50 илјади американски долари откако директорот на „Тесла“, Илон Маск, соопшти дека компанијата инвестирала 1,5 милијарди долари во оваа криптовалута.

Најстарата американска банка, „Њујорк Мелон“, минатата недела соопшти дека ќе врши трансфер и ќе издава криптовалути во името на своите клиенти. Банката формирала единица за дигитални средства, чии услуги ќе почне да ги нуди подоцна годинава.

Извршниот директор на „Њујорк Мелон“, Роман Регелман, рекол дека „зголемувањето на побарувачката за дигитални средства претставува огромна можност за банката“.

И „Дојче банка“ најави дека планира да им помогне на хеџ фондовите да тргуваат со дигитални средства.

„Мастеркард“, пак, соопшти дека ќе понуди плаќања со „одбрана“ група на криптовалути во текот на годинава. И директорот на „Убер“ изјавил дека компанијата ќе ја истражува опцијата за прифаќање на криптовалути при возење со такси или при достава на храна.

На банките можеби ќе им биде потребно зелено светло од регулаторите за да почнат да работат со криптовалути, а специјализирани владини единици фокусирани на Биткоин веќе се спремаат за овој чекор во САД, изјавил Меган Прендергас-Милард, поранеш државен службеник за „Телеграф“.

Тој рекол дека повеќе регулатори, како Канцеларијата на контролорот на валути и Федералните резерви имале оддели за иновации и веќе одржуваат состаноци со фирми за дигитални валути.

Прендергаст-Милард додал дека е логично банките да почнат да се отвораат кон криптовалутите на истиот начин кој трансферот со криптовалути го користи за да ги задржи милениумците и припадниците на т.н. „Генерација Зи“.

„Финансиските институии бараат начин да ги задржат нивните клиенти и треба да размислат какви се тие луѓе“, изјавил поранешниот државен службеник кој надгледувал истраги на институции што користат виртуелни валути.

Се очекува идниот претседател на Комисијата за размена на хартии од вредност на САД, Гери Генслер, да воспостави правила што ќе им овозможат на повеќе фирми да управуваат со Биткоин со зголемена заштита за клиентите.