Бројот на странски туристи во Бугарија се зголемил во октомври годинава во споредба со минатата година, а 20 отсто од нив дошле од Македонија, јави дописникот на „Мета“ од Софија, повикувајќи се на податоци од бугарскиот Национален институт за статистика.
Истовремено, зголемен е бројот на бугарските државјани што ја посетиле Македонија, кој во октомври годинава бил за 37,4 отсто поголем во споредба со истиот период минатата година.
Вкупно 242.500 странци ја избрале и ја посетиле Бугарија минатиот месец за одмор и за рекреација, од кои околу 50.000 се од Македонија. Како што се наведува во извештајот од бугарскиот Национален институт за статистика, бројот на странските туристи во октомври е највисок во последните десет години. Од институтот наведуваат дека годинешниот пораст од 18,7 отсто се должи на зголемениот интерес на граѓаните од соседните земји.