fbpx

Се затвораат ковид центрите на Очната и Клиниката за уво, нос и грло

-

Од вчера е затворен ковид центарот на Клиниката за Очни болести, а во текот на денешниот ден ќе се префрлат и останатите 4 пациенти од центарот на Клиниката за уво нос и грло, со што и тој центар ќе биде затворен, информираше Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава се лекуваат 620 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, а во моментов има 621 слободен болнички кревет во ковид-центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 359 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во ковид центрите во главниот град пак, во изминатите 24 часа хоспитализрани се 30 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 283 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во Скопје.

„Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 163 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“ велат од Министерството за здравство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...