Утрово во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека настанал пожар на глисер кој бил во водите на езерото, кај каналот „Студенчишта“, марка „Aquaviva 23“, сопственост на Н.С. (47) од Охрид, информираат во СВР Охрид.

„Повредени лица нема, а предизвикана е материјална штета на глисерот како и на други два глисери кои биле закотвени во негова близина. Врз запалениот пловен објект веднаш интервенирале припадниците на езерската полиција, на сообраќајната полиција како и припадници на армискиот центар за обука на вода кои, од глисерот го отстраниле К.П. (24) од Охрид и со соодветна опрема за гасење, отпочнале со гасење на пожарот. Набрзо им се придружиле и пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Охрид со што е спречено натамошно ширење на пожарот а повикана е медицинска екипа од Итната медицинска помош. По насоки на јавен обвинител, на местото извршен е увид во присуство на полициски службеници, претставници од охридската капетанија на пристаништа. Глисерот е одземен за понатамошни вештачења“, се наведува во соопштението.