На видиковецот на Водно гореше двокатен автобус на ЈСП – Скопје.

„Според податоците кои ги имам во моментов, на видиковецот на Водно има запален двокатен автобус на ЈСП, скопските пожарникари работат на негово гаснење, очекувам набргу да биде изгаснат“, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Според Ангелов, не постои опасност од ширење на огнот.