„Од повеќе институции во Република Македонија имаме информации дека на вработените им се врши притисок од страна на раководителите, да дојдат пред ДИK и да протестираат за да извршат притисок врз нејзината работата и носењето на одлуки“, се огласи со соопштение, дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски.
– Сакаме да ја информираме јавноста дека извршување на партиски и изборни активности во текот на работното време во јавниот сектор е спротивно на член 38 од Законот за вработени во јавниот сектор, а вршењето закана, оневозможувањето и спречувањето на утврдување или објавување на резултатите од гласањето е казниво согласно член 158 од Кривичниот законик – се вели во соопштението.
Кирацовски наведува дека нема да биде дозволено кој било вработен во јавниот сектор да трпи притисоци и понижувања и да биде инструмент во рацете на режимските слуги во заминување!
Во насока на нивна заштита, поднесена е иницијатива до Државниот инспекторат за труд, Државниот управен инспекторат и до Министерството за внатрешни работи за вонреден надзор на работата на следниве институции: Општина Штип, Управа за јавни приходи – Регионална дирекција Штип и РЕК Битола.