fbpx

Се воведува ред во системот за водење евиденција на бројот на вработени во институциите

-

Со стопирање на платата на институциите кои ги немаат внесено податоците за своите вработени во системот, Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во соработка со Управата за јавни приходи (УЈП) се обидуваат да го решат проблемот со невнесување на податоците за вработените во Информациониот систем за управување со човечки ресурси – ИСУЧР.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, на денешната прес конференција се осврна на последната мерка што ја спроведе ова министерство.

– Оваа активност ги даде посакуваните резултати. Само во перидот од 15 – ти октомври до денеска, во системот се внесени нови 32.247 податоци за вработените. Од овие, 21.827 податоци за вработени кои воопшто сме ги немале до сега, додека 10.420 податоци кои претставуваат ажурирање на претходно доставени податоци. Моментална бројка на вкупно внесени вработени е 91.653 – изјави Манчевски.

Тој нагласи дека денеска сите вработени ќе ја добијат платата за минатиот месец, нагласувајќи дека целта на министерството не е да се казнуваат вработените. Сепак, Манчевски потенцираше дека мора да се воведе ред во системот на обезбедување точни податоци за бројот и демографските карактеристики на вработените од јавниот сектор.

Информациониот систем за управување со човечки ресурси не се користи во целосен капацитет, иако граѓаните имаат платено над два милиони евра за воведување на овој систем за управување со човечки ресурси.

– Стопирањето на исплатата на плати, нема да биде еднократен процес. За да имаме во реално време релевантни податоци за вработените, неопходно е тие да се ажурираат навремено. Затоа, овој процес ќе се повторува секој месец и во секоја институција каде што нема да се внесуваат и навремено ажурираат податоците – потенцираше Манчевски.

Со оваа мерка се очекува годишните Извештаи за вработените во јавниот сектор да ги содржат сите податоци добиени од едно место, без да се прават вкрстувања од повеќе извори, како што беше тоа случај до сега. Податоците во системот ќе можат да се користат за голем број на анализи и статистика во реално време.

Од МИОА информираат дека платата за минатиот месец била стопирана во 80 институции. Во оваа операција не биле вклучени здравствените, образовните институции и градинките, ниту пак припадниците на МВР и АРМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈО: Сомнеж за поткуп во Делчево и неправилности во селото Бучим

Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден на кој се гласа во првиот круг од изборите за претседател на Република Северна Македонија, до овој...