Се варосуваат училници, се дезинфицираат клупи, се фарбаат радијатори

-

Неколку дена пред почетокот на учебната година, вработените во основните училишта и во градинките на големо се дезинфицираат работните површини и простории.

Ова се прави затоа што во текот на учебната година, санитарните инспектори констатирале низа неправилности и недостатоци. Според нивните извештаи, не се прави превентивна дезинфекција, инвентарот е дотрајан, подовите оштетени, ѕидовите неваросани, а не се прави ниту дератизација.

Бистрица Станковска, директорка на училиштето „Гоце Делчев“ во Лисиче вели дека во ова училиште деновиве на големо се работи.

– Ги фарбавме радијаторите од парното, се ваорсуваа училиштните ходници и училници, а беше извршена и темелна дезинфекција на училиштните тоалети. Пари за средства за хигиена ни дава општината, а таа го плаќа и сапунот што е во тоалетите. За лична хигиена децата сами си носат тоалетна хартија, влажни марамчиња. Сè е подготвено за претстојната учебна година – вели директорката.

Инспекторите, како што неодамна објави „Мета.мк“, поради лоши санитарно-хигиенски услови издале забрани во четири училишта – за една спортска сала, една фискултурна сала, како и за санитарните јазли во две училишта.

– Државниот здравствен и санитарен инспекторат врши редовни инспекциски надзори во 308 училишта (основни и средни) и 114 детски градинки. Издадени се 136 решенија за отстранување на констатирани недостатоци, од кои 136 во училиштата и 20 решенија во градинките, со начожени конкретни мерки што треба да ги преземат. Контролите по решенијата се веќе во тек. Контроли ќе има и во септември – вели Ирина Бухова, директорка на ДЗСИ.

Недостаток кој е констатиран е и тоа што не се прават редовни здравствено-хигиенски прегледи на вработениот наставнички и помошен технички персонал, како што налага Законот за заштита на населението од заразни болести.

Македонија и Србија испитуваат можности за гасно поврзување

Македонија и Србија ќе ги испитуваат можностите за спојување со гасен интерконектор, кој треба ќе биде една нова директна врска меѓу од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот...