Сè уште не се знае дали за патување во Грција ќе треба тест за корона

-

Текстот „Дали се исплаќа задоволството: За тестовите за корона за Грција, ќе треба да се платат 680 евра“ не нуди доказ дека четиричлено семејство треба да плати 680 евра за тестови за корона вирусот ако сака да патува во Грција, пишува „КриТинк“.

Протоколот за патување помеѓу Македонија и Грција сè уште не е утврден и оттука сè уште не е познато дали ќе бидат потребни тестови и колку ќе чинат.

На средбата што министерот за здравство Венко Филипче ја оствари со својот грчки колега Василис Кикилијас минатата недела не беа дефинирани детали како ќе се одвива патувањето помеѓу двете држави, односно дали ќе бидат потребни тестови и колку ќе чинат. Предлог-протоколите ќе бидат подготвени оваа недела, а потоа ќе бидат усогласени и потпишани.

„Во текот на следната недела двете земји ќе ги подготват предлог-протоколите кои потоа ќе бидат усогласени и потпишани. Исто така, овие протоколи ќе бидат разговарани и со другите соседни земји со цел унифициран пристап и услуги во регионот, кој значително ќе им го олесни движењето на граѓаните,“ беше истакнато во соопштението од Министерство за здравство минатата недела.

По повод посетата на Атина, министерот за здравство Филипче во интервју за телевизија „Сител“ потврди дека оваа недела ќе биде финализиран начинот на движење на граѓаните и поминување на границите со соседна Грција. На прашањето дали ќе ни бидат потребни тестови, одговори дека сè уште не е ништо договорено.

„Ние спремивме еден документ, кој треба да го разгледаме оваа недела во однос на сите предности и недостатоци во пристапот за барање на тестовите. Кога ќе го разгледаме, заедно и со начинот со кој би се олеснил и транзитот преку границите, верувам дека ќе го најдеме и заедничкиот начин за соработка,“ рече Филипче во интервјуто.

Имајќи предвид дека сè уште не се познати условите под кои ќе се патува во Грција, не може да се потврди дека патувањето во Грција едно семејство ќе го чини 680 евра за тестови за корона-вирусот. Најпрво не е познато дали ќе бидат потребни тестови. Оттука, и тврдењето дека „при тргнување од Грција ќе треба да се направи повторно тестирање“, исто така е шпекулација.

Станков: Задушување е причината за смрт кај жртвите во кочанската дискотека

Насилно задушување во директна поврзаност со пожарот е причината за смртта на сите 59 загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи изминатиот викенд, кажа денеска проф. д-р...

Од Иницијатива „Нула“ донираа ПП апарат на тетовскиот суд и Обвинителство и најавија протест в понеделник

Со поставување противпожарен апарат пред Обвинителството и Судот во Тетово, денеска од Иницијативата „Нула“ најавија протест кој ќе се одржи во понеделник во Тетово, на кој ќе побараат одговорност за трагедијата...

За трагедијата во Кочани осомничени вкупно 34 лица: Сите знаеле дека „Пулс“ не ги исполнува условите за работа

Осомничени се вкупно 34 лица, вклучувајќи го сопственикот и управителот на дискотеката „Пулс“, обезбедувањето, поранешен министер, државен секретар, раководители на сектор и одделение, помлад соработник, поранешни градоначалници, директори на пазарен инспекторат,...

Уште една жртва од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

Српските студентски движења „Студенти у блокади“ преку социјалните мрежи на јавноста ѝ соопштија дека по четири месеци тешка борба, денеска починал еден од повредените од трагедијата на железничката станица во Нови...

Станков: Задушување е причината за смрт кај жртвите во кочанската дискотека

Насилно задушување во директна поврзаност со пожарот е причината за смртта на сите 59 загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи изминатиот викенд, кажа денеска...