fbpx

Сè уште е во прекин сообраќајот кај Битола

-

Сообраќајот на патниот правец А3, Прилеп – Битола – Ресен преку обиколницата кај Битола е во прекин, исто како вчера, поради свлечиште. Сообраќајот и денеска се пренасочува преку градот Битола, информираше АМСМ рано утрово.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, а на осојничавите места во западниот дел од земјава, на места со остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на „Македонија пат“.

Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Патниот правец Скопје – Македонски Брод преку националниот парк Јасен е непрооден.

Од 15 ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март годинава.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од кедонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...