Мал авион се урна во Мавровско езеро, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено. Инцидентот бил пријавен на број 112, а информацијата веднаш е проследена од страна на ЦУК до СВР-Тетово, Итната медицинска помош (ИМП) и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК-Тетово) за итна интервенција“, информира директорот на ЦУК, Мухамед Али.

Оттаму не кажаа со какви повреди се здобило едното лице и засега не откриваат повеќе детали за инцидентот.

Според фотографијата објавена на „Инфомакс“, односно според бројот на регистрацијата која се гледа, авионот (кој е регистриран во САД) е во сопственост на Дукаѓин Манџука. Тој на својот Фејсбук профил вчера објавил фотографија под која пишува „Со копилотот на убав ден над Тетово“.