fbpx

Се укинува забраната за извоз на брашно, мелничарите имаат доволно залихи

-

Нема повеќе да важи забраната за извоз на брашно, што беше една од воведените владини економски мерки, поради вонредната состојба со корона вирусот. Откако мелничарите реагираа до надлежните дека се зголемени цените на увозната пченица и на транспортот, а тие имаат забрана за зголемување на цената на брашното, Министерството за економија дебеска одлучи да ја укине забраната за извоз.

„Оваа одлука е донесена на денешната средба со претставниците на мелничко пекарската индустрија, откако е констатирано дека мелничката индустрија работи добро во моментов, има залихи на брашно, и во приватните млинови и во стоковните резерви, а увозот на пченица во сите соседни земји е дозволен. Според сите податоци, во моментов и се отвора простор да се измени владината одлуката за забрана за извоз на брашното. Засега нема проблеми со снабденоста, ниту зголемување на цените. Ги заштитивме домаќинствата“, изјави по средбата, министерот за економија, Крешник Бектеши.

Според претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, Горан Малишиќ, надминат е проблемот со забраната за извоз на брашно и очекувањата се дека Владата најдоцна до понеделник ќе ги донесе измените на претходната Одлука.

На средбата со мелничарите се разговарало и за други мерки со цел да се зголеми конкурентноста на пазарот, за цените и снабденоста со репроматеријали, а со цел да се продолжи со навремено снабдување и стабилност на цените.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...