fbpx

Се стеснуваат роковите за ребалансот за 2018 и за буџетот за 2019 година

-

Ќе предизвика ли процесот на уставни измени согласно договорот од Преспа временски теснец за усвојување на ребалансот на буџетот за 2018 година и на буџетот за 2019 година е прашање што заслужува внимание со оглед на тоа што се уште не е започната постапката во Собранието за разгледување на владиниот предлог за изменување и дополнување на буџетот за годинава.

Собраниската Комисија за финансирање и буџет на седницата закажана во понеделник, 29 октомври ќе почне да го разгледува предлогот за ребеланс на буџетот, но се уште не е закажана седница на која пратениците ќе ја продолжат постапката.

Како што веќе најави министерот за финансии Драган Тевдовски, усвојувањето на ребаланост односно дали овој документ воопшто ќе стапи на сила ќе зависи и од постапката за уставни измени.

„Доколку дојде до неприфаќање на постапката за почеток на уставни промени и се распишат предвремени парламентарни избори, таквата можност ќе се изгуби бидејќи ребалансот нема да биде на сила“, рече Тевдовски.

Сега, останува да се види дали Владата ќе успее докрај да ја истера постапката за уставни измени со оглед на тоа што две партии од албанскиот блок најавија свои барања односно нови амандмани на Уставот, а има уште два фази за усвојување на уставните измени, а во една од нив на Владата повторно ќе и биде потребно дво-третинско мнозинство гласови во Собранието.

Процедура:

Според деловникот на Собранието по предлогот на буџетот се води претрес како по предлог на закон во второ читање, со тоа што е задолжителен општ претрес. Претресот (општиот претрес и претресот по амандманите) по предлогот на буџетот на седницата на матичното работно тело и на Законодавно-правната комисија може да трае најмногу вкупно десет работни дена. Член на работното тело и пратеник во текот на општиот претрес може да говорат повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на Владата во општиот претрес може да говори повеќе пати но не повеќе од 30 минути вкупно. Пратеникот во текот на претресот по амандманите може да говори само еднаш во траење од десет минути. Координатор на пратеничката група или еден пратеник определен од пратеничката група или од координаторот на пратеничката група во претрес по амандман може да говори само еднаш во траење од 15 минути. Претставникот на Владата во однос на прифатливоста на амандман може да говори само еднаш во траење од 5 минути. Само подносителот на амандманот може да даде образложение и да говори по амандманот во времетраење од вкупно десет минути, а доколку подносители на амандман се двајца или повеќе пратеници само еден од подносителите може да даде образложение и да говори по амандманот во времетраење од вкупно 10 минути.

Тоа значи дека опозицијата може со поднесување амандмани да ја пролонгира расправата и усвојувањето на ребелансот на буџетот и да ја блокира новата распределба на парите од буџетот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...