fbpx

Заразата со морбили се шири во Штип

-

Возрасни пациенти во старосната група меѓу 20 и 45 години се евидентирани како новозаболени од морбили во Штип. Само во текот на изминатото деноноќие на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип е хоспитализирано едно лице со потешки симптоми на морбили, а двајца други се прегледани амбулантски и пуштени на домашно лекување. Во моментов на лекување во болница се десет пациенти и сите се од Штип. Во Институтот за јавно здравје евидентирани се вкупно 27 пациенти со морбили.

Заразата е донесена од Скопје, ако се суди според анамнезата на првиот пациент, кој бил во Детската болница  – Козле во Скопје. Од него се заразени членови на семејството, од кои две жени кои работат во конфекција. Само во таа конфекција сега има десетина заразени работнички.

Инфектологот Дијана Шишкова стравува дека оваа бројка ќе се зголемува, а врвот се очекува во јуни и јули.

– Болните од морбили се движеле по амбулантите на матичните доктори, откако неколку дена имале повишена телесна температура. Освен тоа, има раздвиженост меѓу луѓето, што води до зголемени контакти. Допрва очекуваме зголемен број на заразени, – изјави Шишкова.

Источниот регион, и покрај прогласената епидемија од морбили, до сега имаше минимален број на заболени. Меѓутоа, Штип ја промени сликата на регионот. За среќа, како што велат лекарите, имаше доволно време да се вакцинира медицинскиот персонал.

Проблем е што на удар се постарите, кои потешко ги поминуваат морбилите, особено генерациите родени пред 1972 година, кои воопшто не се вакцинирани. Имено, вакцината е воведена од 1972 година, а подоцна е воведено и ревакцинирање. Меѓу заболените има невакцинирани, но и такви кои имаат примено една вакцина. Докторите советуваат вакцинирање за оние кои немаат прележано морбили или биле само еднаш вакцинирани.

-Имунитетот кај оние кои се еднаш вакцинирани со годините слабее. Затоа, може да се вакцинираат во Институтите за јавно здравје, каде има бесплатни вакцини – Шишкова.

Постои и алтернативата за проверка на имунолошкиот систем, бидејќи слабиот имунитет е дополнителна отежнувачка околност во контакт со предизвикувачот на морбилите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...