Мартин Сен, поранешниот шеф на најголемата швајцарска осигурителна куќа изврши самоубиство.

Ова е втор високо позициониран менаџер на компанијата „Цирих осигурување“ кој изврши самоубиство.

Сен (59) даде оставка минатата година, а како причина ги наведе „проблемите во работењето во последните неколку месеци“.

Пред да ја напушти компанијата, тој бил еден од најдобро платените директори во земјата кој годишно заработувал речиси 7,2 милиони долари.

Финансискиот директор на истата компанија изврши самоубиство во 2013 година.